Љупчо Димовски е нов претседател на Социјалистичката партија

од Vladimir Zorba

Социјалистичката партија на Македонија денес, 16 јануари 2021 година, во Кратово го оддржа својот Деветти Конгрес. Конгресот избра Републички и Надзорен одбор, согласно Статутот на СПМ. Конгресот за претседател на Партијата го избра генералниот секретар Љупчо Димовски.

Љупчо Димовски е дипломиран економист, роден во Велес на 9 април, 1959 година. До 2008. генерален директор на ЈП „Паркови зеленило“-Скопје, до 2009. заменик министер за транспорт и врски, до 2014. министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, од 2014. пратеник во Собранието на Република Македонија. Извршен секретар, член на Претседателството и од 2007. генерален секретар на СПМ.

На Конгресот беше поднесен Извештај за работата на партијата во изминатиот четири годишен период.

На Конгресот беше усвоена Декларација во која беа изнесени ставовите на СПМ за актуелните општествено-економски и политички состојби во Република Македонија.

Исто така беа дадени насоки и предлози за идното дејствување на Партијата во изградба на демократските односи во државата кои што ќе придонесат за подобар живот и стандард на граѓаните на Македонија.

СПМ и натаму ќе дејствува за изградбата на демократска, правна, и граѓански уредена држава во која власта произлегува и ја определува народот.

Слични содржини