Мачор преживеа половина час „перење“ во машина

од Nikola Popovski

Поговорката вели дека мачките имаат девет животи. Во градот Дњепар во Украина, еден мачор поминал половина час во активирана машина за перење и преживеал.

Според персоналот на ветеринарната клиника во која бил донесен по настанот, мачорот останал во машината за перење околу 30 минути пред сопствениците да ги слушнат неговите „врескања“.

Сопствениците објасниле дека мачорот Броша обично сака да спие во машината за перење, а бидејќи е сив како и внатрешноста на машината, не го забележале кога била вклучена.

Според ветеринарот, животното за време на прегледот имало покачена температура и тешко дишело, очите му биле затворени поради прашокот, а од устата мирисало на детергент.

Броша примил терапија и бил пуштен дома. Добро се чувствува, активен е и има апетит, додаваат од ветеринарната клиника.

„Ова не е прв пат да се сретнеме со ваков случај, но Броша имаше среќа. Не случајно се вели дека мачките имаат девет животи“, велат од клиниката.

Слични содржини