Мадона ја потврди врската со дваесет и деветгодишен боксер

од Stefanija Kuzmanovska

Познатата пејачка Мадона неодамна раскина со 40 години помладиот манекен Ендрју Дарнел.

Сепак, таа не остана долго сама и веќе си најде ново момче, дваесет и деветгодишниот боксер Џош Попер.

Таа објави фотографија со него само неколку дена по раскинувањето со Дарнел и тогаш почнаа гласините за нејзината нова љубов со младиот спортист.

Мадона сега ја потврди врската со Попер, објавувајќи фотографија на која се бакнуваат во серија сториња на Инстаграм.

„Убијци кои се забавуваат“, напиша таа покрај фотографијата која набрзо ја отстрани од Инстаграм.

Иако е сосема можно ова да е еден од триковите на Мадона да ја скокотка фантазијата на нејзините следбеници и да започне приказни, со оглед на нејзината љубовна историја, сосема е можно таа навистина да е во врска со боксерот.

Слични содржини