Мадона го одбила додворувањето на Трамп: „Одеднаш таа стана најлоша, најглупава и најдебела“

од Vladimir Zorba

Новата книга, напишана од внуката на Доналд Трамп, изнесува пикантерии од животот на Претседателот на Соединетите Американски Држави, а една особено привлече внимание. Тврдењето е направено во книгата под наслов „Too Much and Never Enough: How My Family Created the World’s Most Dangerous Man“, напишана од Мари Трамп.

Авторот тврди дека кралицата на поп музиката, Мадона, ја одбила поканата на Доналд Трамп на љубовна средба.

Според авторот, пејачката била уште една во низата „несреќни жени од кои се очекувало да се забавуваат со него, но кои, отфрлајќи го, одеднаш биле најлошата, најглупавата и најдебелата личност што некогаш ја запознал“.

Во извадоците што ги сподели USA Today, Мари исто така пишува дека Мадона „џвакала гума на начин на кој Доналд мислел дека е непривлечен“.

Белата куќа ја нарече оваа книга „книга на невистини“, додавајќи дека ова се смешни, апсурдни обвинувања кои немаат никаква врска со вистината.

Мадона е одамна позната по својата аверзија кон Трамп.

Слични содржини