Мадона и нејзиното среќно семејство – ретка ФОТОГРАФИЈА со децата

од Nikola Popovski

Популарната поп-кралица Мадона ретко споделува семејни фотографии со јавноста. Таа направи исклучок за да го прослави Денот на благодарноста и се сликаше со своите шест деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Фотографиите се споделени на Инстаграм профилот на Мадона. На нив е прикажано семејството заедно, односно ќерката Лурд Лола која веќе некое време живее сама, синот Роко Ричи кој живее со таткото Гај Ричи во Лондон, Дејвид, Мерси Џејмс и близначките Естер и Стела, посвоените деца на Мадона.

Во својата објава на Инстаграм, Мадона напиша: „Многу сум благодарна“.

Мадона го доби Роко со познатиот режисер, а додека беа во брак го посвои и Дејвид кој имаше само 13 месеци. Близначките имаа четири години кога беа посвоени.

Слични содржини