Мадона јавно го повика папата да се сретнат

од Nikola Popovski

„Кралицата на попот“ Мадона често користи христијански симболи во нејзините видеа или како дел од стајлингот и визуелните ефекти на сцената на настапите.

Пејачката се обидела да стапи во контакт со папата Францис, па преку Твитер го замолила да се запознаат.

Мадона напиша дека би сакала да разговара за некои важни работи, а деталите од потенцијалниот разговор не ги откри.

Таа додаде дека се надева дека папата ќе одговори, бидејќи поминало долго време откако последен пат се исповедала.

„Јас сум добар католик. Се колнам! Мислам, не пцујам“, ја започнала Мадона својата порака до папата на Твитер.

„Поминаа неколку децении од мојата последна исповед. Дали е можно да се видиме и да разговараме за некои важни работи“, објавила пејачката и додала:

„Три пати сум одбиена, не мислам дека е фер. Со почит, Мадона“.

Слични содржини