Мадона повторно заљубена, новото момче 35 години помладо

од Nikola Popovski
258 прегледи

Мадона (64) неодамна раскина со момчето Ендрју Дарнел, кој беше 40 години помлад, а сега наводно започнала романса со својот тренер Џош Попер (29), пишува Дејли Мејл.

Извори за британскиот медиум истакнале дека пејачката повторно се нашла во прегратки на млад човек. Џош, инаку, тренира едно од шесте деца на Мадона во својата теретана во Њујорк.

Тренерот сподели фотографии на кои позира со Мадона, додека таа е буквално залепена за него. Кралицата на попот ги притиснала усните на неговото рамо и го фатила неговиот бицепс. Ниту младиот спортист не останал имун на нејзините допири, па ѝ возвратил со прегратка.

Извор неодамна изјави за „Page Six“ дека таа и манекенот Ендру Дарнел ставиле крај на нивната врска, откако 23-годишникот нашол девојка поблиска на неговата возраст.

Слични содржини