Мадона се гушка со 35-години помлад танчер

од Vladimir Zorba

Фановите на 61-годишната музичка суперeѕвезда Мадона во социјалните мрежи зборуваат за нејзиниот нов партнер во животот – 26-годишниот танчер Ахламалик Вилијамс.

Поп кралицата ги шокираше фановите со тоа што се појави прегрната со танчерот на балконот на хотел во Мајами.

И покрај фактот дека парот не ја открива својата врска, фановите на ѕвездата се сигурни дека таа има афера со младиот Ахламалик.

Познато е дека тој ја придружува Мадона на сите нејзини настапи како дел од турнејата на „Мадам Х“ во САД.

Слични содржини