Мадона шокираше со нов сет голи фотографии

од Stefanija Kuzmanovska

Кралицата на поп-музиката, Мадона, на Инстаграм објави комплет фотографии што ги направи за италијанскиот „Вог“.

Пејачката позираше во неколку различни пози во различни модни комбинации. На една од фотографиите таа позираше во црн корсет од латекс без градник, па и се гледаа брадавиците.

Имаше црвена перика на главата и цигара во раката, а фотографијата досега собра повеќе од 200.000 лајкови.

„Италијанците го прават тоа подобро“, напиша Мадона во описот на објавата.

„Прекрасна си“, „ќе биде жешко издание“, „колку постара, толку подобра“, напишаа нејзините фанови во коментарите.

Сепак, имаше и такви кои и рекоа дека отишла предалеку со пластичните операции.

Слични содржини