Мафијашот кој уби судија во Италија излезе од затвор по 25 години, семејствата на жртвите гневни

од Stefanija Kuzmanovska

Џовани Бруска, мафијашот што ја активираше бомбата која го уби судијата Џовани Фалконе во 1992 година, излезе од затвор откако ја издржа 25-годишната казна затвор.

Тоа наиде на гнев и тага кај семејствата на оние кои тој ги уби.

Бруска беше уапсен во 1996 година, четири години по нападот во кој беа убиени Фалконе, неговата сопруга и тројца полицајци, пренесува Хина.

Откако станал владин информатор, тој им помагал на обвинителите во борбата против клановите Коза Ностра.

Убиството на Фалконе беше една од најозогласените епизоди во долгата и насилна италијанска историја на борбата против организираниот криминал.

Два месеци подоцна беше убиен судијата Паоло Борселино, исто така борец против мафијата.

Слични содржини