Мајами: Бројот на жртви во урнатата станбена зграда достигна 90

од Vladimir Zorba

Бројот на потврдени жртви кои починаа кога се урна станбена зграда во Мајами достигна 90, изјави денеска градоначалникот на округот Мајами-Даде, Даниела Левин Кава.

Се уште се трага по 31 лице, за кои се стравува дека се починати, рече таа, пренесе Ројтерс.

„Бројките се менливи и тие ќе продолжат да се менуваат како што продолжуваат напорите за пребарување“, истакна Левин Кава.

Истражителите сè уште не утврдиле што довело до уривање на зградата стара 40 години.

Слични содржини