Мајами: Уште три тела се пронајдени под урнатините на зградата

од Nikola Popovski

Уште три тела биле пронајдени денес под урнатините на делумно срушената зграда во околината на Мајами, па вкупниот број на жртви сега е 27.

Телата биле пронајдени откако потрагата по преживеани продолжила по уривањето на преостанатиот дел од зградата во Сурфајд, им рече на членовите на семејството помошникот на пожарникарската служба на Мајами-Дејд Рејд-Џадалах.

Спасувачките екипи добија „зелено светло“ денес за да продолжат со операцијата за потрага по евентуални преживеани во урнатините на 12-катната зграда што се сруши на 24 јуни, а која беше уништена до темел во неделата поради доаѓањето на тропско невреме Елса.

Спасувачките екипи веднаш започнаа со расчистување на урнатините за да можат специјалните тимови да стигнат до подземната гаража, која е евентуално место каде сè уште има преживеани.

По влегувањето во гаражата би било можно подиректно да се испитаат премините и дупките во кои, како што се верува, биле заробени 121 лице.

Полицијата во Мајами вчера го пронајде телото на Дејвид Епштајн (58), за кого се знае дека е еден од 24-те жители кои паднаа во урнатините по уривањето на дел од високата зграда на 24 јуни, но по првите неколку часа по трагедијата, никој не беше пронајден жив.

Поради доаѓањето на тропската бура Елза, придружена со силен ветер, уривањето на зградата беше забрзано.

Американскиот претседател Џзеф Бајден прогласи вонредна состојба во Флорида поради доаѓањето на Елза, што создаде услови за доделување на федерална помош за загрозената област.

Слични содржини