Мајк Тајсон: Се чувствувам виновен поради смртта на Тупак (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот боксер Мајк Тајсон неодамна во интервју откри дека се чувствува виновен за смртта на раперот Тупак Шакур, кој беше убиен на 25-годишна возраст во Лас Вегас.

Имено, трагично починатиот рапер бил во Лас Вегас кобната вечер за да го гледа боксерскиот натпревар помеѓу Тајсон и Брус Шелдон, а славниот боксер сега откри дека се чувствува виновен поради тоа.

Во едно интервју, Мајк открил дека се чувствува виновен затоа што вршел притисок врз Шакур да биде на мечот, затоа што таа ноќ тој бил застрелан во автомобилот.

Тајсон сакал да оди до рингот со песна на Тупак и вели дека го присилил да му ја донесе таа песна на касета.

„Беше навистина лош ден кога се случи тоа. Беше навистина лошо…“, започна Тајсон.

Тајсон вели дека по борбата планирал да му се придружи на Шакура во ноќниот клуб „662“, пред кој раперот беше застрелан, но дека пред тоа ги сменил плановите.

Имено, тој по борбата си заминал дома, бидејќи дома го чекале бебето и сопругата, па сега се чувствува делумно виновен поради сè.

Слични содржини