Мајка дошла во зоолошка со бебе, реакцијата на горилата ги изненади сите! (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Мајка дошла во зоолошка со бебе, реакцијата на горилата ги изненади сите! (ВИДЕО)

Американката Емили Остин доживеала необична средба со Кики, женка горила, во бостонската зоолошка градина Френклин Парк, а видеото кое го направил нејзиниот сопруг Мајкл Станало вирално.

“Бев шокирана. Не гледаше од својата пештера и помислив дека гледа во нашиот петмесечен син Кенион”, рекла Емили и додала дека Кики минала околу пет минути покрај заштитното стакло мавтајќи и гледајќи во нејзиниот син кој го држела во раце.

Во еден момент горилата ја ставила раката на стаклото како да се обидува да го земе во раце малиот Кенион. Потоа го земала своето седумесечно младенче Пабло и го кренала покрај стаклото, за да и го покаже на Емили. Покрај Пабло, Кики има уште четири ќерки.

“Нејзиното лице беше полно со љубов. Му го покажуваше своето младенче на моето бебе”, рекла воодушевено Емили и додала дека се надева дека ќе може повторно да ја посети зоолошката градина и да мине време со Кики и нејзиниот Пабло.

Слични содржини