Мајка го моли крадецот да ѝ го врати праменот коса од починатата ќеркичка

од desk2

Кирсти Болдвин од Велика Британија се нашла на мета на крадец кој ѝ ја украл торбицата, па јавно му се обрати да ѝ врати само една работа, која ѝ значи повеќе од сѐ.


Се работи за прамен од косата на нејзината ќерка Ели Луис, која пред шест години ја изгубила битката со бронхијално воспаление на белите дробови, кога имала само две години. Кирсти, праменот од косичката од ќерка ѝ од тогаш го носи во торбицата, пренесува BBC.
Торбицата ѝ била украдена во ноќните часови од автомобилот, а полицајка од Манчестер, каде се случил овој немил настан, вели дека кражбата многу го потресла семејството.
Кирсти (35) го опиша крадецот како белец на возраст од 40-50 години, со долга коса собрана во пунџа, кој ја отворил совозачката врата, ја зграбил торбицата, пред таа да успее да го затвори автомобилот.
Во торбата имала таблет, поголема сума евра и мала торбичка во која бил праменот коса од Ели ламинирана во картичка. Болдвин вели дека „единствено тоа ѝ останало од ќерка ѝ“.

„Ако некој ја пронајде косата претставена на фотографијата, го молам да направи добро дело и да ја однесе во најблиската полициска станица. Благодарам“, вели Британката.


На нејзините зборови се надоврза и полицајката: „Таа коса е многу значајна за целото семејство и не може да се врати веќе никогаш, затоа на мајката ѝ е очајнички потребно да ѝ се врати назад.

Слични содржини