Мајката на Блаже кој доби бубрег: Преку донираните органи на нашите деца ќе живее Верче

од Берта Китинска

Блаже Сапунџиев од Кавадарци доби бубрег од Верица Белчовска која животот го загуби во сообраќајна несреќа.

Тој од болничкиот кревет за емисијата „Ја сакам Македонија“ изјави дека се чувствува одлично и дека операцијата поминала во најдобар ред.

-Се надевам дека ќе бидам добро и во наредните денови, месеци па и години.Од моите четири години се соочувам со овој проблем. Откако ми беше трансплантиран бубрегот од мојата мајка 18 години се беше во ред до сега. Мојот докторот ме информираше за Верче и хуманиот гест, не можев да поверувам дека толку млад живот згасна. Сметам дека оваа донација ќе ја подигна света на останатите граѓани, изјави тој.

Мајката на Блаже, Форка вели дека сочувствуваат со семејството на младата девојка Верица и изрази благодарност за хуманиот гест да ги подарат органите кои некому живот значат. Таа вели дека преку донираните органи Верче ќе живее.

-Нема зборови со кои може да се најде утеха за загубата на семејството на Верче. Преку донираните органи на нашите деца кои добија срце и бубрези ќе живее оваа девојка. Докторите завршија се во рекордно време секоја чест за нив, изјави мајката на Блаже.

Слични содржини