Мајката на Моника Конопова: Мојот сопруг е најголемиот домаќин!

од Aleksandar Petrovski

Многу ми е тешко поради ова што ни се случува во семејството, изјави Кристина Ристеска, мајка на претепаната активистка Моника Ристеска-Конопова, за порталот „Галама.мк“.

– Моника е со импулсивен карактер и не само сега, туку и во минатото знаела да изреагира со осуда кон нас, иако целиот живот го посветивме на децата. И покрај честите испади кои ги прави, за кои јавноста е сведок, ние како родители никогаш не се откажавме од неа. Напротив, секогаш бевме тука да ѝ помогнеме, па дури и сега. Тоа е наше чедо! Би сакала да демантирам дека мојот сопруг Стојан е алкохоличар како што Моника го нарекува. Стојан е најголемиот домаќин, маж и глава во фамилијата, каков секое семејство би посакало да има. Тој секогаш се грижел за домот, никогаш не одел по коцки, по жени или по некакви пороци. Секогаш приоритет му било семејството. И затоа тешко ми паѓа ова што го пишува за нас мојата ќерка, моето чедо. Пишува и за мене, но нејсе – изјавила Кристина Ристеска за „Галама“.

Таа посочува дека нејзиниот сопруг Стојан со гордост се обидувал да ѝ помогне на својата ќерка да се вработи и да започне нормален живот.

– Ние бевме тука за неа и пред неколку години, кога имаше проблеми со законот. Исто така и сега, кога по отслужувањето на казната таа се врати во нашиот дом. Бевме подготвени да ѝ помогнеме во нејзината ресоцијализација. Сме ја исшколувале Моника, а Стојан со гордост се обидувал да ѝ помогне, да се вработи и да почне нормален живот. Доволен доказ дека ние сме нејзина поддршка е тоа што таа живее со нас и покрај сите етикети кои ни ги има залепено изминативе години. Инаку зошто не се иселила, ако Стојан или јас сме и го загрозувале интегритетот. Не ни е сеедно тоа што со нејзината желба за легализација на канабисот, можеби привлекува внимание повеќе од што е потребно, но тоа е нејзин избор. Еве, нека не остави на мир, нека оди каде сака и нека прави што сака. Но, и покрај ова што се случи, ние сме секогаш тука за нашето чедо – изјавила Кристина Ристеска.

Целиот текст прочитајте го на порталот Галама.мк

Слични содржини