Актуелно
Почетна / Македонија / Мајката на Пино: Зарем живот земен на младо момче вреди само 19 години?

Мајката на Пино: Зарем живот земен на младо момче вреди само 19 години?

Ангела Ѓорѓиевска која беше обвинета за убиството на 26 годишниот Пинета Секондо – Пино, судот ја прогласи за виновна и ја осуди на затворска казна од 19 години.

По изречената пресуда денеска, мајката на убиениот Пино Секондо, Маја Трпковска, смета дека пресудената затвроска казна од 19 години за соизвршителката Ангела Ѓорѓиевска е премала.

19 години!!!Живот земен на младо момче вреди само 19 години???Доживотен затвор тражам!!!

Публикувахте от Maja Trpkovska в Понеделник, 13 юли 2020 г.

Според судската пресуда, Ѓорѓиевска е виновна со тоа што помогнала во извршување на убиството кое, според доказите, го извршил Али Фуркан кој уште е во бегство.

26-годишникот беше убиен на 11 декември 2018, а неговото тело беше пронајдено во април 2019 година, кај местото наречено Башинец, во атарот на селото Љуботен.

loading...