Мајката на загинатата Јелена Филиповиќ била дел од сообраќајката пред мостот „Гоце Делчев“

од Nikola Popovski

Лицето кое денеска прегази пешак пред мостот „Гоце Делчев“ е мајката на малолетничката Јелена Филиповиќ која загина во несреќа во Миладиновци пред две години во јануари. Таа го управувала возилото БМВ со кумановски таблички.

-Првичните сознанија упатуваат дека до несреќата дошло кога автомобил марка БМВ со кумановски регистарски ознаки удрил во пешак кој ја преминувал улицата во непосредна близина на мостот.

По наредба на јавен обвинител ќе се врши обдукција на телото на починатиот, а од лицето кое управувало со автомобилот земени се примероци од крв и урина за да се утврди евентуално присуство на алкохол или други недозволени средства. Со наредба на јавниот обвинител ќе бидат обезбедени и снимките од видео надзорот на околните објекти со цел да се утврдат причините за несреќата. Дежурниот јавен обвинител издаде наредба и за технички преглед на автомобилот, соопштија денеска од ОЈО Скопје.

Случајот со несреќата со трагично загинатата Јелена се случи пред две години во јануари кога возачот имал 20 години, додека загинатата била само неколку дена пред полнолетство. Со автомобилот се возеле обвинетиот возач, Јелена и уште едно девојче, кои се враќалe кон Куманово, кога излетале од патот во близина на Миладиновци.

Седум години и шест месеци затвор доби возачот на автомобилот.

Загинатата девојка беше дел од кампањата „Спаси нечиј живот“, а билборд со нејзина фотографија и порака „Возев пијан и дрогиран… ја убив Јелена“ го имаше на повеќе места во родното Куманово, но и во Скопје.

Трагедијата имаше и продолжение кога таткото на Јелена беше приведен под сомнение дека барал платен убиец за ликвидација на луѓето кои ги смета за одговорни за смртта на Јелена.

Слични содржини