Мајките во Велика Британија бесни на Шерцингер

Враќањето на Pussycat Dolls на сцената предизвика контроверзни коментари во Британија, откако 41-годишната Никол Шерцингер и останатите девојки од групата се појавија прилично оскудно облечени во финалето на X Factor: Celebrity.

Никол и нејзините колешки со саботата пееја во живо за прв пат по 10 години, честејќи ги фановите со некои од нивните најголеми хитови, како и мал дел од нивната последна песна, насловена React.

Сепак, тие се најдоа среде оган кога многу мајки го осудија нивниот настап, бидејќи, како што рекоа, шоуто го претвориле во шоу од стрип-клуб. На крајот на песната, врз жешките тела на пејачките беше истурена и вода, а сцената многу потсетуваше на иконскиот момент од филмот „Флешденс“.

Некои сметаа дека проѕирните костими на пејачките биле крајно несоодветни за овој формат, кој го гледаат и многу деца. Сепак, многумина ги бранеа изведувачите, исистирајќи дека „само затоа што така се облекуваат, не значи дека немаат класа“.

Слични содржини