Мајкл Даглас откри што последно му кажал татко му

Холивудскиот актер Мајкл Даглас ги откри последните зборови кои му ги кажал неодамна починатиот татко Кирк Даглас.

Тој тврди дека татко му на смрттната постела му рекол дека треба да гласа за Мајкл Блумберг на претстојните избори во САД, пренесува Jutarnji list.

Младиот Даглас тоа го рекол зборувајќи на собирот кој се одржа во Медисон, Висконсн, во саботата, во склоп на кампањата на Блумберг, и тоа само неколку дена откако почина Кирк Даглас, пишува британски Independent.

Снимката од тој говор е објавена на Инстаграм профилот на кампањата. На снимката се слуша како Даглас им заблагодарува на присутните за нивните добри желби и молитви за неговиот татко.

Потоа се слуша како Даглас вели дека неговиот татко кратко пред смртта го фалел Блумберг, како претседателски кандидат.

– Не знам дали се шегуваше или не, но тоа беа едни од неговите последни зборови во болницата. Ме замоли да се доближам, а потоа ми рече ‘Мајк може“ – рекол Даглас.

Блумберг е еден од 11 демократи кои се натпреваруваат за претседателска номинација на Демократската странка на изборите кои ќе се одржат во ноември. Во два мандати бил градоначалник на Њујорк, еден е од најбогатите Американци, но според анкетите нема многу шанси.

Кирк Даглас беше жесток критичар на актуелниот претседател – Доналд Трамп.

Слични содржини