Mајкл Даглас смета дека за неговиот син најдобро е – да биде в затвор

од desk3

По седумгодишната затворска казна, Камерон Даглас (37) планира да биде манекен.

Најстариот син на холивудската ѕвезда Мајкл Даглас и на неговата поранешна сопруга Дијандра, повеќепати беше апсен поради поседување нелегални супстанци. Првпат тоа се случи во 1999, кога кај него беше пронајден кокаин. Истото се случи и во 2007. Две години потоа тој беше осуден за шверц на 200 грама метамфетамини.

hitportal-majkl-daglas3

Во 2010, додека Камерон го издржувал домашниот притвор, неговата девојка му доставила хероин, што само му ја продолжило и зголемило казната. Осуден е на пет години затвор, а потоа уште на 4,5 години, затоа што и таму, повторно е фатен со дрога.

Но, во затворот тој поминал вкупно седум години, од кои две во самица. Сега е во центар за рехабилитација со слаб надзор, а оттаму оди на снимање реклами и насловни страници.

Славниот глумец своевремено за својот син изјавуваше дека, за него само затворот е лек, но и призна во неколку наврати дека за тоа лошо поведение, и самиот тој, како родител, е виновен./MИА

Слични содржини