Мајли Сајрус издаде сингл по повеќе од една година (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Поп-sвездата Мајли Сајрус доцна синоќа го објави својот нов сингл наречен „Midnight Sky“, кој премиерно ќе се претстави на 14 август годинава. Новата песна е хит сингл од нејзиното второ EP од трилогијата „She is Miley Cyrus“ наречена „She is here“.

Сајрус ја „тизна“ насловната страница на новата песна на социјалните мрежи, но и кратката мелодија која припаѓа на новиот сингл. Таа им се извини на фановите што чекаа, со оглед дека помина малку повеќе од една година од претходното EP од трилогијата.

„Знам дека се чини дека чекавте цела вечност. Но, чекањето заврши. Таа конечно пристигна“, напиша Мајли под фотографијата.

Во неодамнешното интервју за „Вол Стрит Журнал“, Сајрус откри во која фаза е снимањето на нејзиниот нов албум.

„Скоро го завршив целиот албум и бев подготвен да одам на фестивали, но не сметам дека е соодветно сега да објавувам песни. Но, снимив песни кои беа инспирирани од рок музиката, затоа ја имам оваа фризура. Ова не беше само случајна фризура во стилот на „Тајгер Кинг“. Ова требаше да оди со нови песни, но сега шетам низ Калабасас со фризура на „Џа Егзотика“, рече таа со насмевка.

Слични содржини