Мајли Сајрус не се смирува: Пукна тиквата меѓу нејзе и колегата по само еден месец


Мајли Сајрус (26) ја прекина врската со австралискиот пејач Коди Симпсон (22), по само еден месец забавување, пренесуваат светските медиуми.

Наводната причина за крајот на врската лежи во тоа што Коди и бил само утеха по разводот од Лиам Хемсворт, па го искористила за полесно да го преболи поранешниот сопруг.

„На Мајли и прекипе. Сфати дека не може да влегува од врска во врска. Останаа во добри односи но повеќе не се заедно, пејачката сака да се фокусира на себе моментално“, рекол близок извор на пејачката.

https://www.instagram.com/p/B3sBHd7JI7_/

Парот за прекинувањето не зборувал јавно, но многумина забележаа дека Мајли престанала да објавува фотогрфии со пејачот на 3 ноември, а дотогаш објавувала секојдневно.

Да се потсетиме, Мајли, во август оваа година, стави крај на бракот со актерот Лиам Хемсворт, а веднаш потоа започна врска со манекенката и инфлуенсерка Кејтлин Картер.

Нивната врска траеше само два месеци, а по прекинувањето со Кејтлин, Мајли заплови во романса со Коди Симпсон.

Слични содржини