Мајли Сајрус заврши во болница

од desk4

Поп ѕвездата Мајли Сајрус итно била пренесена во болница каде е задржана на понатамошно испитување, бидејќи засега не се знае од што боледува. Сепак според блиски извори не е ништо сериозно, со оглед дека пејачката го сподели ова на социјалните медиуми и се пошегува дека имала лош ден. Таа додаде дека силно верува дека брзо ќе се опорави и без проблем ќе се појави на добротворниот настан Горилапалуза за викенов .

 


„Се обидувам да оздравам што побрзо, за да се појавам на Горилапалуза заедно со Елен Де Ценерис, Порша Де Роси, Бруно Марс. Испратете ми ги вашите позитивни вибрации. Верувам дека ќе успеам да го средам овој проблем и да се појавам на настанот. Треба горили да спасуваме!“ – напиша таа
Имено „Горилапалуза“ е добротворен настан кој ќе се одржи викендов во Холивуд Паладиум, со цел да се соберат пари за фондацијата на Елен Де Џенерис, за спасување на загрозени животински видови.
Хоспитализацијата на Мајли се случува по интензивните две недели исполнети со настапи. Во меѓувреме таа ја објави разделбата од сопругот Лиам Хемсворт, како и почетокот и крајот на врската со блогерката Кејтлин Картер. Сега се верува дека Мајли, која инаку се декларира како пансексуалка (личност која во љубовта не бира според пол, сексуална определба и др.) е во врска со Коди Симсон.
По реакциите на јавноста дека многу брзо по разделбата од Лиам таа влетала во врската со Коди, Мајли на социјалните медиуми напиша:
„Луѓето од страна мислат дека сè знаат за моите врски и љубовен живот. Верувам тоа е така бидејќи сум јавна личност која порасна пред очите на јавноста. Сега сум возрасна и сама носам одлуки за сè. Луѓето го знаат само тоа што го читаат на интернет. Мажите можат да одат од една до друга жена и секогаш тоа е без последици. Јас само се обидувам да преживеам во овој „машки“ свет. Ако не можеш да ги победиш, придружи им се!“

Слични содржини