Мајмунските сипаници сепак не пристигнаа во Грција, пациентот има овчи сипаници

од Nikola Popovski

Грција може да здивне бидејќи е утврдено дека пациентот за кој се сомневале дека има мајмунска сипаница заболел од овчји сипаници, јавуваат грчките медиуми.

Националната здравствена служба на Грција (EODY) претходно соопшти дека го регистрирала првиот можен случај на мајмунски сипаници и дека во тек се лабораториски анализи, чиј резултат треба да го потврди тоа.

За среќа, се покажало дека британскиот турист не донел мајмунски сипаници во оваа земја.

Според СЗО, досега се регистрирани повеќе од 90 случаи во дури 12 земји каде што мајмунските сипаници не се ендемично заболување.

Слични содржини