„Мајски цвет“ во Тафталиџе 1 доби нов лик – подобрени условите за 140 деца

од Vladimir Zorba

После повеќе децении, објектот на градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1 доби нов лик. По неколкумесечна интензивна работа направена е реконструкција на сите тоалети, со што се подобрија хигиенско – санитарните услови во оваа предучилишна устамова Променети се прозорците и вратите, за да се подигне и енергетската ефикасност на градинката, но и да се намалат сметките за загревање за 30 отсто. Исто така, направена е целосна реконструкција на фасадата, на дел од кровната површина, како и на повеќе занимални.

Во посета на објектот, денеска беше и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, кој уште во предизборната кампања во 2017 година вети реконструкција на оваа градинка, која во нормални услови згрижува 140 деца, а по протоколот за заштита од Ковид – 102.

-Среќен сум што и во услови на светска пандемија не застанаа активностите во поглед на зголемување на капацитетите во предучилишното образование. Конечно добивме нов лик на „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1. До овој момент, приемот на деца во оваа градинка, но и во сите други објекти во Карпош се одвива без поголеми проблеми. Сепак, никој не може да гарантира 100 отсто подготовеност, но покажавме дека можеме да гарантираме подобри услови во градинките, рече Богоев.

loading...

Слични содржини