Макарони со пилешко по оригинален италијански рецепт

од desk2

Ова не е само паста, туку единствени макарони со сочно пилешко, баш како што ги подготвуваат во Наполи.

СОСТОЈКИ:
500 гр макарони
400 гр пилешко месо
1 лажица масло
50 гр путер
100 мл бело вино
2 лажици доматно пире
1 главица кромид
60 гр кашкавал
1 струк целер
1 морков
магдонос
1 ловоров лист
2 прстофати сол
1/4 лажичка бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Макароните згответе ги во посолена вода и исцедете ги. Ставете ги во плех и измешајте ги со путер. Морковите, целерот и кромидот ситно исечкајте ги и динстајте ги на загреано масло.
Додајте ситно сечкано пилешко филе и прелијте со половина шолја вода во која сте раствориле доматно пире и вино. Посипете со бибер, ставете ловоров лист и оставете на тивок оган додека течноста не испари.
Префрлете во макароните и посипете со рендан кашкавал. Измешајте добро и печете во рерна на 220 степени 25 минути. Кога ќе ги извадите посипете со магдонос и сервирајте.
Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бонапети“:

Слични содржини