Маќеата на Серена и Венус откри застрашувачки детали од бракот со нивниот татко

од Elena Daskalova

Маќета на славните тенисерки Серена и Венус Вилијамс објави дека нивниот татко ја изгладнувал и дека била принудена да продава имот за да може да преживее.

Лакиша Грејам (41) била во брак со поранешниот тренер, а тој поднел тужба после разводот, по што таа изнела шокирачки тврдења кои ја разбрануваа јавноста.

Поранешните сопружници веќе некое време се во судски спор поврзан со наводното подметнување документи за хипотека, кои Ричард Вилијамс (78) бил принуден да ги потпише.

Во меѓувреме излегоа докази дека Вилијамс боледува од деменција и трајни оштетувања на мозокот и дека неговите сведоштва се земаат со резерва во текот на овој спор.

Лакиша признала дека го измамила, но дека тоа го направила за да може да обезбеди храна за себе и нивниот син Дилан, бидејќи Вилијамс ги изгладнувал и не им давал ниту цент.

Во меѓувреме се снима и филм за животот на познатите тенисерки, а Ричард Вилијамс го глуми актерот Вил Смит. Се очекува филмот да излезе во ноември оваа година.

Слични содржини