Македонец од Италија со порака за скопјани: Вие сте УБИЈЦИ!

од Aleksandar Petrovski

Од балканските држави, само во Македонија коронавирусот не замина, напротив бројките се големи, а за прв пат имавме и рекордни 120 заболени во последните 24 часа. Владата на препорака од комисијата за заразни болести препорача воведување 80 часовен полициски час, а граѓаните на Скопје заминаа од местата каде ќе има државен карантин, пред се одејќи во туристичките места како Охрид, Дојран, Струга, Маврово, Берово…

Тоа го испровоцира читател на портал Читај, од Италија кој директно ги обвини оние што патуваат за убијци, а зошто е тоа така, прочитајте во продолжение.

-И додека овде во Италија корона вирусот повеќе не е толку тема број еден како што беше, за жал, мислам дека во Македонија допрва ќе биде, би сакал да грешам, ужасно многу да грешам, ама според она што го гледам, едноставно не можам да премолчам.

Знаете ли зошто во Италија беше толку опасно, целата ситуација со корона вирусот? Е поради таквите како оние сега во Македонија, кога ќе прогласеа карантин во поголемите градови, кои беа опасност и жариште од корона вирусот, господата заминуваа од таму и одеа во помалите населени места, а со тоа успеаа само во едно – го пренесоа корона вирусот низ повеќе делови од државата. И тогаш настана хаосот.

Наместо скопјани да си останат во Скопје, вирусот да биде познат каде е и да се делува на време, тие денес го раширија низ цела Македонија, пред се на пат кон Охрид, каде денес гледајќи ги фотографиите на социјалните мрежи, едноставно не издржав и пуштив солзи. Дури плачев, низ глава ми поминуваа сите страшни слики од Италија со корона вирусот, тоа никогаш нема да го заборавам.

Дали вие кои денес заминавте од градовите каде има карантин се чувствувате среќно, дали вие сте најпаметни на овој свет, дали вие имате грам совест и свест. Да ви кажам нешто на сите вас, вие сте УБИЈЦИ. Можеби некој ќе рече дека ова е премногу остро, ама јас нема да ви молчам, вие не сте ништо друго освен УБИЈЦИ, луѓе кои свесно ставате други човечки животи под ризик, зошто? За да ви биде удобно, затоа што не може да издржите во карантин неколку денови? Срам и арам да ви е!

Карантинот ќе заврши, здравје Боже, ќе заврши и корона-вирусот. Сакам јавно да ве прашам сите вас, сите што заминавте денес од својот град во друг град: Дали можете мирно да спиете, знаејќи дека поради вас некој друг заболел од корона вирус и некој друг починал од корона вирус, поради вас!

На самиот крај ќе ви испратам една грозоморна фотографија овде од Италија, каде поради корона вирусот немаше погреб на луѓе, се погребуваа бројки секој ден, бројки. ЖАЛНО!

Слични содржини