Македонец тешко повреден во сообраќајка во Србија

од Nikola Popovski

Во сообраќајна незгода што се случила на подрачјето на полициската управа Врање во Србија, повреден е државјанин на Македонија.

На автопатот во атарот на село Самољица, општина Прешево, товарно возило со приколка, управувано од грчки државјанин, удрило во патничко возило „Тојота“ кое во моментот застанувало.

Возачот на Тојотата, државјанин на Северна Македонија, се здобил со тешки телесни повреди.

Увидот на лице место го извршиле сообраќајни полицајци, а според неофицијални информации, против возачот на камионот ќе биде поднесена кривична пријава за загрозување на безбедноста на јавниот сообраќај.

Слични содржини