Македонец во Осиек затаил повеќе од милион евра, па исчезнал

од Nikola Popovski

Државното обвинителство во Осиек поднесе обвинителен акт против Ице Г., македонски државјанин, поради сомнение дека проневерил повеќе од милион евра.

Од 01.01.2015 до 31.12.2016 година во Осиек, пријавениот како директор и одговорно лице на фирмата „Tibia j.d.o.o.“ намерно крател средства во хрватскиот државен буџет, иако таа фирма не била регистрирана како даночен обврзник, ниту пак била овластена за издавање фактури со данок на додадена вредност, пишува „Глас Славоније“.

Тој се товари и за издавање на излезни фактури со данок на додадена вредност за испорака на пченка, пченица, соја, јачмен, маслодајна репка и други земјоделски производи. После тоа не поднел даночна пријава ниту платил данок на додадена вредност на вака издадените фактури.

Утврдено е и дека „Tibia“ никогаш не вршела деловни активности на регистрираната адреса, туку дека таму има облакодер.

И покрај обидот да се предаде решението за спроведување на истрага и поканата за сослушување на Македонецот, тоа не било реализирано, бидејќи лицето не било на споменатата адреса. Обвинителството бара од судот да му се суди во отсуство.

Слични содржини