Актуелно
Почетна / Македонија / Македонецот Борко е доброволец за тест на вакцина од Оксфорд за Ковид-19

Македонецот Борко е доброволец за тест на вакцина од Оксфорд за Ковид-19

Македонецот Борко Андреевски, кој живее во Англија, ќе учествува во тестирањето за вакцината против корона вирусот на Универзитетот Оксфорд, објави ТВ Телма.

Андреевски за Телма потврдил дека доброволно се пријавил за тестирањето со желба да помогне. Извршени му се прегледите за да се утврди дали одговара на условите за тестирањето. Тој вели дека тестирањето прво ќе почне на еден волонтер, па на група од петмина и на крај ќе бидат тестирани сите 500 пријавени.

– Сега сум во исчекување да ми кажат кога треба да одам по вакцината и после тоа се оди на 6 прегледи во рок од три месеци – вели Андреевски за Телма.

Тестирањето на оваа вакцина треба да почне од утре.

loading...