Македонија ќе испрати конкретна помош за Турција

од Nikola Popovski

Претседателот Стево Пендаровски денеска најави дека Македонија нема да остане само на зборови, туку ќе испрати конкретна помош за Турција после катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата.

-Сакам уште еднаш да испратам сочувство до сите погодени и да објавам дека македонската Влада и ние како држава нема да останеме само на зборови, туку ќе пружиме конкретна помош. Годинава треба да одбележиме шест децении од катастрофалниот скопскиот змејитрес и многу добро знаеме како е кога некои народи и држави се наоѓаат во слична ситација. Нашите мисли се со турскиот народ и турските граѓани, пред се со оние што ги изгубија своите најблиски, рече Пендаровски на прес-конференцијата со неговата унгарска претседателка Каталин Новак.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи исто така соопшти дека понудил помош од наша страна, за што, како што наведува, веќе се прават подготовки во земјава.

-Утрово испратив пораки со сочувство до Турција и турскиот народ преку мојот колега Мевљут Чавушоглу, во кои ја понудив и нашата помош каде што ќе биде потребна, за што веќе се прават подготовки стои во објавата на Османи.

И министерката за одбрана Славјанка Петровска изјави дека армијата е подготвена да и даде секаква поддржка на Турција.

Фото: AP Photo/Ghaith Alsayed

 

Слични содржини