Македонија за прв пат со Холандија: Вистински тест за квалитетот на младата чета на Лазаров!

од Nikola Popovski

Ракометната репрезентација на Македонија за првпат во историјата на големите натпреварувања ќе вкрсти копја со Холандија. Со оглед на тоа што „лалињата“ не беа на светската сцена во машкиот ракомет повеќе од половина век, оваа информација не изненадува, но не значи дека нашите се сигурни фаворити против селекцијата која го игра најбрзиот ракомет во светот.

Прилично ослабени со неиграњето на повредениот Јагуриновски, избраниците на Кирил Лазаров ќе се обидат да дојдат до првиот бод или бодови на 28-то Светско првенство (18.00 часот).

Да потсетиме, Македонија во првото коло загуби од Норвешка со 39:27, додека Холандија беше подобра од Аргентина со 29:19.

Нашата селекција би можела да има голем ветер во грб од трибините, бидејќи се очекуваат повеќе од 2.000 Македонци во „Тауроин арената“.

Да потсетиме, наместо Јагуриновски, селекторот Лазаров во тимот го повика Савревски, кој со Серафимов ќе го сочинува тандемот од десни бекови.

Ќе судат арбитрите од Шведска, Куртагиќ и Ветервик.

Слични содржини