Македонија доби тешка група за пласман на ЕВРО 2024

од Destan Jonuzi

Македонската фудбалска репрезентација ги доби силните Италија и Англија  за ривали на патот кон пласман на Европското првенство 2024 кое ќе се одржи во Германија. Останатите екипи се Украина и Малта.

Натпреварите почнуваат во март, а завршуваат во ноември идната година, додека ќе има и плеј-оф натпревари од Лигата на Нации кои ќе се играат во март 2024 година, со кои ќе бидат комплетирани учесниците на ЕП. Германија директно е пласирана на ЕП, додека Русија е исклучена од квалификациите.

Слични содржини