Македонија добива 105.000 вакцини од КОВАКС во следниве две недели

од Vladimir Zorba

Процесот за испорака на вакцините преку КОВАКС механизмот е започнат и во следниве 2 недели во нашата земја ќе бидат испорачани над 100.500 дози вакцини во две одделни пратки, дознава Локално.

Овие дози пратки на вакцини ќе стигнат во нашата земја заклучно со средината на април, како што најавија од КОВАКС.

Процесот за испорака на вакцини преку Ковакс механизмот е започнат. За точниот датум на пристигнување во нашата земја јавноста ќе биде навремено информирана.

Поради зголемување на бројот на хоспитализирани пациенти и потреба од дополнување на кадарот во инфективните одделенија, во моментов е во тек и ќе продолжи имунизацијата на здравствените работници кои работат со ковид пациенти.

Слични содржини