Македонија ги доби протвниците во групната фаза на ЕП

од Stefanija Kuzmanovska

Машката ракометна репрезентација на Македонија во групната фаза на Европското првенство кое од 13 до 31 јануари ќе се одржи во Унгарија и Словачка ќе игра против Словенија, Данска и Црна Гора во групната фаза.

„Жолто-црвените“ ќе бидат дел од групата А која ќе разигрува во Дебрецин, а каде од првиот шешир беше сместена Словенија, од вториот го добивме противникот со кој се соочивме и во квалификациите, актуелниот светски првак Данска, додека од најслабиот по ранкинг шешир ќе игра со Црна Гора.

Слични содржини