Македонија и Грција го фаќаат патот заедно

од Vladimir Zorba

Денес, треба да биде потпишан договорот што ќе стави крај на 27-годишниот спор меѓу Атина и Скопје за името на Македонија.

На церемонијата на Преспанското Езеро лоцирано на границата помеѓу Македонија, Грција и Албанија, на грчка територија , денеска треба  да се потпише договорот, кој стави крај на 27-годишниот спор меѓу Атина и Скопје за името на Македонија. Според  договоренот  новото име на земјата ќе биде  Република Северна Македонија. Овој договор ќе и овозможи на Република Македонија да започне преговори за членство во Европската унија и да стане полноправна членка на НАТО. Договорот ќе биде потпишан од страна на првите дипломати од двете земји.

Гостите на церемонијата ќе бидат и  премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев. На церемонијата се очекува и присуство на високи претставници на меѓународната заедница – Високиот претставник за заедничка надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини, еврокомесарот Јоханес Хан најавен е e генералниот секретар или претставник на ОН, Антонио Гутиереш, медијаторот Метју Нимиц..

По потпишувањето, двете делегации ќе се преселат на македонска територија , каде што ќе се одржи официјална средба на премиерот Заев и Ципрас и двете делегации,  и европските гости ќе имаат   заеднички ручек.

Со договорот, кој е веќе  обелоденет, се обезбедува јазикот – македонскиот јазик како што е запишано во ОН  и националноста Македонци/ грачани на Република Северна Македонија, се тоа ќе се применува ерга омнес ,а ќе има и уставни промени и гранции.

Документот е насловен “Финален договор за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 и 845 на Советот за безбедност на ОН и прекинување на привремениот договор од 1995 година и воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните”.

Химната, грбот и знамето не се менуваат, како и ознаките  МК-МКД, додека регистарски таблички и документите за идентификација не се дел од меѓународна кодификација и за изготвување нивно ќе се следи напишаното во договорот, пишува во документот.

Проблемот со името се јавува во 1991 година, по  распадод на СФР Југославија, но за негово надминување почнува да се работи во 1994 година и од тогаш до сега посредник при спорот за името е Метју Нимиц. Со текот на годините многу пати имало  обиди да се разговара но без особен влог и воља  да се водат вистински преговори. Дури на 17 јануари 2018 година, со поддршка на ОН, и новата власт на премиеорт Зоран Заев, преговорите за името се обновени и поставени во вистинсла насока. 6 месеци подоцна,  е изготвен компромисен договор за надминуањ на разликите меѓу Скопје и Атина

Договорот е објавен во јавноста ,а тој предизвика силен отпор токму од тие кои ги блокраа преговорите – опозиционата ВМРО ДПМНЕ во Македонија и опозиционерите на Мицотакис и Нова Демократија во Грција. ПОследните дури впокренаа доверба на Владата на Ципрас, но не успеаја.

Денска само неколку часа не делат од потпишувањето на договорот, со што ќе се стави крај на 27-годишниот спор. Во времето на потпишувањето на договорот, во Грција и во Македонија се очекуваат опозициски протести што ги организираат долгодишните блоирачи на решението.

Откако договорот ќе биде потпишан, тој мора да биде ратификуван од грчкиот и македонскиот парламенти и потоа во периодот од јули до октомври македонската влада треба да организира референдум и ако резултатот е позитивен, ќе се продолжи со уставна ревизија.  Грчката страна ќе мора да го извести НАТО и ЕУ и треба да го тргне ветото кое ги блокира евроатланските интеграции на Република Македонија.

Слични содржини