Македонија и Косово ќе имаат заеднички скијачки проект: Поврзување на Брезовица и Попова Шапка

од Nikola Popovski

Првата заедничка седница на двете влади на Република Северна Македонија и на Република Косово, истакна премиерот Заев е уште една потврда на одличните пријателски односи, за тесната соработка, за постојаното надградување на заемните интереси и за споделувањето на заеднички определби за Западен Балкан како регион на траен мир и целосно интегриран во ЕУ и НАТО.

Претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти изрази сочувство до жртвите од несреќата во модуларната болница во Тетово и до сите жртви од пандемијата КОВИД-19. „Краток поглед низ страниците на историјата, може да се најде на едно место и Скопје и Приштина, и Призрен и Тетово, и дека нашите земји споделуваат многу работи една со друга, бидејќи нашата историја е полна со настани кои што неразделно ја одредија нашата судбина“, рече Премиерот Курти.

Република Северна Македонија, посочи Заев, е подготвена да ги сподели со Република Косово сите свои искуства од нашата интеграција во НАТО, до членството на нашиот сосед во Алијансата.

Според Заев, различните ставови со Косово во однос на иницијативата „Отворен Балкан”, во која покрај земјава се и Албанија и Србија, не е пречка за одлична соработка.

Во церемонијалниот дел на седницата денеска премиерите на двете влади и ресорните министри ги потпишаа Меморандумите за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово за физибилити студијата за патот Призрен – Тетово и  за рехабилитирање на тампон зоната Блаце помеѓу двете гранични објекти на двете држави, Договор за соработка  во областа на дијаспората, Договор за статусот на припадниците на вооружените сили на Република Северна Македонија и Безбедносните сили на Република Косово (СОФА), Протокол  за имплементационен договор за спроведување на Спогодбата помеѓу Владата на Северна Република Македонија и Владата на Република Косово за гранично регулирање на железничкиот сообраќај, Меморандум за соработка во Енергетскиот сектор, Договорено е и воспоставување заеднички скијачки проект, поврзување на Брезовица и Попова Шапка…,Меморандум за соработка во областа на иновациите и технолошкиот развој и претприемништво, Договор за партнерство меѓу Република Косово, претставено од Министерството администрација за локална самоуправа како партнер-лидер и Република Северна Македонија, претставувана од Министерството за Локална самоуправа како партнер за управување со грант договорот за техничка помош 2019/410-322, под програмата ИПА Косово – Северна Македонија 2014/2020, Меморандум за соработка меѓу Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија и Министерството за регионален развој на Република Косово, и Меморандум за соработка помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија и Министерството за земјоделство, шумарство и рурален развој на Република Косово.

Слични содржини