Македонија и НАТО – Решавање на политичката криза, како услов за влез во Алијансата

од Vladimir Zorba
143 прегледи

На секој од трите изминати самити на НАТО Македонија добиваше по уште една нова задача, но не ги исполнуваше вели универзитетскиот професорот Стојан Славески, за ТВ21.

1467989351-sese
Се уште не е потпишан договорот со Бугарија за добрососедски односи, не е решен проблемот со името со Грција, услов уште од Бугурешкиот Самит во 2008 година, и не е целосно исполнет Охридскиот рамковен договор, барање кое дојде од соседна Тирана – вели Славески. Несомнено, додава тој, Македонија и од самиот во Варшава ќе добие нова “задача“ која треба да ја реши во наредните две години:

„Можеме да кажеме дека Македонија наместо да ги решава проблемите и да се движи напред стагнира и со одредени постапки ја уназадува позицијата во однос на членството во НАТО. Очекувам дека после овој Самит ќе ни се постави нов дополнителен услов, а тоа ќе биде решавање на политичката состојба и владеење на правото како предуслов за да евентуално продолжиме со натамошната интеграција.“, изјави Стојан Славески-универзитетски професор.

Според професорот Нано Ружин, факт е дека по самитот во Букурешт кога Македонија доби покана за членство, но беше блокирана од Грција, дојде до разочарување и одреден скептицизам кон НАТО. Но, тој нема дилеми дека Македонија треба да биде дел од алијансата, а за таа цел , како што вели, државата не прави ништо. Отсуството на премиерот и претседателот на државата на собирот во Варшава, како што вели тој, покажува дека државата е индиферентна кон Алијансата.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини