Министерството за надворешни работи на Белорусија ги потпиша протоколите за соработка со Министерството за надворешни работи на Македонија и на Министерството за надворешни работи и европска интеграција на Црна Гора. Соодветните документи се објавени на националниот правен Интернет портал на 31 декември.

BELARUS

Белорусија и Македонија се договорија да одржат консултации, споделување на мислења за прашања од заеднички интерес, вклучително и во политиката, економијата, конзуларни услуги, културата, социјалниот сектор и образованието.

Протоколот со Македонија се склучува на неопределено време, протоколот со Црна Гора – за пет години.

Потсетуваме дека Белорусија е под санкции на ЕУ поради кршењето на човековите права со земјата и недомкратските процеси кои ги протежира власта на претседателот Александар Лукашенко.

Година на неизвесност и несигурен извоз за македонските компании

Во август, шефот за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини изјави дека некои земји кои не се членки повторно се усогласија со последните измени на санкции режим на ЕУ кон Белорусија. На листата се наоѓаа и Црна Гора, како и Македонија, Албанија, БиХ и Србија.

Белорускиот претседател Лукашенко, кого американците го нарекоа последниот дикатор во Европа, во ноември го освои петтиот претседателски мандат и најави дека има намера да остане претседател доживотно.

Аналитичарите оценуваат дека оваа македонско-белоруска соработка не е некој голем успех на македонската дипломатија.

Слични содржини