Македонија очекува да чекори кон ЕУ многу побрзо од Србија и Црна Гора

од Nikola Popovski

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ изјави дека нашата земја веќе е 45 отсто усогласена со законодавството на ЕУ.

„Ако продолжи оваа динамика, нашето темпо ќе биде побрзо од Србија и Црна Гора кои преговараат веќе 10 години“, изјави Маричиќ.

Вицепремиерот за европски прашања рече дека со вчерашната средба со Европската комисија во Брисел, која ја отвори еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, официјално започна процесот на скрининг, дека се објаснети следните чекори, за што треба Скопје да се подготви и дека добиен е календар на активности.

„Практично, во средината на септември, скринингот започнува и по кластери и по поглавја“, рече Маричиќ.

Во вторникот, на 19 јули, Северна Македонија ја одржа својата прва политичка меѓувладина конференција во Брисел, со која ги отвори преговорите со ЕУ, 17 години по добивањето на кандидатскиот статус.

Условот што го има Скопје за втората меѓувладина конференција и отворањето на преговарачките поглавја е внесување на Бугарите во Уставот.

Слични содржини