Македонија оди на Светско

од Берта Китинска

Македонската машка репрезентација на реванш натпреварот од баражот за пласман на Светското првенство во 2023 година вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, ја совлада Чешка со 27:25.

Одличната серија на ракометарската репрезентација која трае од 2013 вечерва продолжи со драматична завршница во Скопје, во која Филип Кузмановски со гол од седум метри го завери билетот за осмиот мундијал во историјата на македонскиот ракомет.

Светското првенство 2023 во Полска и Шведска ќе биде 15-то големо натпреварување за македонските ракометари, а 12-то во низа, која почна во 2012-та година.

Слични содржини