Македонија се приклучи на санкциите на ЕУ против Белорусија

од Nikola Popovski

С. Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија, како и Исланд, Лихтенштајн и Норвешка се приклучија на петтиот пакет санкции на Европската унија против Белорусија, се вели во соопштението на ЕУ.

„Европската унија ја зеде предвид обврската на овие земји и ја поздравува“, се вели во соопштението.

Во почетокот на декември, ЕУ објави дека воведува нови санкции против Белорусија. Ова е петти пакет санкции од минатогодишните претседателски избори во Белорусија, по кои почнаа протести во земјата. Новиот список на санкции на ЕУ против Белорусија вклучува 17 поединци и 11 организации. Досега на „црната листа“ на ЕУ за Белорусија се најдоа вкупно 183 поединци и 26 организации.

Како одговор на западните санкции, Белорусија најави дека од 1 јануари следната година ќе воведе ембарго за увоз на одредени стоки од ЕУ, САД, Канада, Велика Британија, С. Македонија и голем број други земји. Забраната ќе трае половина година.

Фото: ARIS OIKONOMOU

Слични содржини