Индустриското производство во јуни годинава, бележи пад од 4,4 отсто во однос на јуни 2015 година, а во првите шест месеци од годинава има пораст од 5,6 отсто во споредба со истиот период лани.

Coins On See-Saw --- Image by © Images.com/CORBIS

Coins On See-Saw — Image by © Images.com/CORBIS

Според податоците на Државниот завод за статистика, производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни годинава бележи опаѓање од 21,1 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од 0,3, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 20,4 проценти.

Производството бележи пораст кај Трајни производи за широка потрошувачка за 77,3 отсто, додека опаѓање има кај Енергија за 25,9, Интермедијарни производи, освен енергија за 4,2, Капитални производи за 7,5 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,6 отсто

Слични содржини