Македонска пицерија е меѓу 50-те најдобри во Европа

од Nikola Popovski
679 прегледи

Синоќа во Милано беа објавени 50-те најдобри пицерии во Европа за 2022 година, а на врвот на листата повторно е пицеријата „Peppe“ во Париз. Ова, сепак, не значи дека Франција ја симна Италија од тронот кога станува збор за ова јадење, бидејќи изборот од 50 врвни пици се однесува на пицериите надвор од Италија.

Што се однесува до македонските пицерии, една се најде во топ 50, и тоа „Matto Napoletano“, која е рангирана на 41-то место.

„Matto Napoletano“, лоцирана во Скопје, е опишана дека „за нешто помалку од една година се етаблирала благодарение на вниманието на деталите“.

-Тие се движат од италијански производи до одличниот мебел со изложени цигли и добро организиран надворешен простор. Тоа е италијанска „амбасада“, отворена од 8 до полноќ секој ден. Како и традиционалната маргарита, која секогаш е многу барана, понудените пици можат да бидат сезонски или гурмански, како што е пицата со пршута од Парма и страчиатела. Услугата е брза, професионална и младешка. Листата си пиво е добра, додека листата со вино е малку збунувачка. Изгледа неодлучно помеѓу локалните и италијанските вина, од кои нема ниту едно од Јужна Италија, стои во описот.

Слични содржини