Македонска програмерка која откри слабост: Секој со VPN кој се користи бесплатно, може да се попише!

Македонска програмерка открила голема слабост во системот за самопопишување.Имено, таа со објавување на статус на  Фејсбук групата „Сојузен комитет на програмери на Република Македонија“, вели дека секое лице кое ќе вклучи VPN може да се попише од Македонија, иако оваа апликација е наменета за македонските граѓани во странство.

-Наидов на грешка во апликацијата за само-попишување наменета за граѓани од дијаспората. Пишувам за да ме исправите ако грешам или да пријавите ако е тоа потребно. Јас која живеам во Македонија, успеав да се само-попишам користејќи VPN. Интернет страната не дозволува да се регистрирате доколку имате македонска IP адреса, но штом инсталирав VPN (бесплатен) веќе немаше ограничувања. Само-попишувањето е не само за дијаспората туку и за секој граѓанин кој во овој период нема да е во Македонија. И така јас одбрав да сум кај нашиот северен сосед, го оставив мојот македонски телефон и без никаков проблем бев регистрирана и го поплнив прашалникот. Не се бараат никакви податоци за адреса од земјата каде што престојувам, а за причина за престој имаше повеќе опции од кои последната беше “Друго” или нешто слично. Ми падна чудно што и во прашалникот кога ја пополнува адресата во Македонија задолжително беше само името на улицата, но не и број, влез, стан, пишува порграмерката.

Таа отвара дилема, дали сега таа повторно ќе биде попишана  од страна на државните попишувачи.

Инаку, VPN е алатка која ја редиректира вашата IP адреса на друго место. Па така, користејќи VPN вие лажно можете да покажете дека сте приклучени од друга држава. Алатката обично се користи за пиратерија на интернет просторот со цел да не може да биде откриено од каде сте приклучени. Се користи и за апликации и програми кои поради разни причини се забранети во Македонија. Со користењето на VPN програмата која сакате да ја користите не може да препознае дали се приклучувате од недозволена зона.

Слични содржини