Македонската копродукција „Малмкрог“ со награда на Берлинале

од Берта Китинска

Филмот „Малмкрог“ на  Кристи Пују, ја освои наградата за режија во новосоздадената селекција „Encounters” на Берлинскиот филмски фестивал, каде дел од копродукцијата е и нашата продуцентската куќа Сестри и Брат Митевски и нашата Aгенција за филм.

-Со големо задоволство би сакале да ве известиме за уште еден голем успех на продуцентската куќа Сестри и Брат Митевски и нашата Aгенција за филм. На што туку завршениот Берлински Филмски Фестивал, романската копродукција „Малмкрог“ на Кристи Пују, ја освои наградата за режија во новосоздадената селекција “Encounters”.
(https://www.berlinale.de/en/festival/awards-and-juries/awards-encounters.html), се вели во соопштението од продуцентската куќа Сестри и Брат Митевски.

Во селекцијата се натпреваруваа 15 филмски остварувања и тричленото жири додели три награди, а една од нив му припадна на Кристи Пују. Кристи Пују е несомнено еден од најзначајните европски автори и да се биде дел од ваква една копродукција е успех и за македонската кинематографија. Агенцијата за филм и овој пат го препозна исклучителното сценарио и секогаш интересниот визуелен пристап на овој автор и овозможи Македонија да биде дел од овој проект и повторно да се приклучиме на врвните филмски текови. На премиерата во Берлин на 21 Феб присуствуваше и Министерот за култура Хусни Исмаили.

Филмот беше најавуван во официјалното соопштение од Берлиналето како „патување низ времето и мислите, кој фасцинира со прецизност и инвентивност“. Толку смел во авторскиот пристап, што граничи со експерментален филм, всушност “Малмкрог” е три и пол часовен мастер клас по режија.
Филмот е копродукција помеѓу Романија, Србија, Швајцарија, Шведска, Босна и Северна Македонија. Главен продуцент е Мандагора од Романија.

 

 

Слични содржини