Македонската кошаркарската јуниорска репрезентација го освои турнирот во Шумен

од desk2

Машката кошаркарска јуниорска репрезентација (до 18 години) викендот што измина го освои првото место на пријателски турнир во Шумен, Бугарија.

На првиот натпревар, јуниорите забележаа триумф од 89:69 против кошаркарскиот клуб Оканик од соседна Србија, а во финалето против Бугарија беа подобри со 88:74.

Со постигнат 41 поен во финалниот македонскиот репрезентативец Андреј Андоноски се закити со трофејот за најкорисен играч (МВП).

Слични содржини